Пилотот Ариел Валиенте од Еквадор стана популарен откако видеото од него како лета со авион стана вирално.
Нему, имено, голема птица му прелетала низ стаклото од кабината и така останала да виси токму пред неговото лице.
Capitán Ariel Valiente,hoy en Vinces. Lo que puede hacer un pájaro contra el parabrisas. El casco y su autocontrol lo salvaron… pic.twitter.com/UYE3m3yhRL
— Carlos Vera (@CarlosVerareal) June 14, 2023
Кабината беше полна со стакло и крв, но тоа изгледа не го загрижи премногу пилотот и тој продолжи мирно да управува со авионот.
Валиенте летал со авионот во близина на Винс во провинцијата Лос Риос, а птицата умрела набргу по ударот, пишува „Дејли Мејл“.
На видеото се гледа како птицата виси во кабината додека пилотот е облеан во крв.