Макрон, Шолц и Мелони упатија писмо до Курти барајќи да ги деескалира тензиите

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Премиерот на Приштина, Албин Курти, добил писмо од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во кое уште еднаш се бара да ги деескалира тензиите на северот на Косово, пренесе „Газета експрес“.

Писмото е слично на одговорот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борели, до Курти објавен во средата, но без детални барања, пишува приштинскиот весник.

Владата во Приштина се уште не испратила известување за добиеното писмо или за неговата содржина.

Слични содржини