СДСМ упати благодарност до германскиот Бундестаг за изгласаната резолуција, со кој недвосмислено се потврдува македонскиот идентитет, јазик и култура.
-Благодариме Германија! За силната поддршка и потврдата за македонскиот јазик, култура идентитет и посебност. Резолуција во германскиот Бундестаг не е само симболичен израз на поддршката што ја имаме од Германија, туку испраќа и моќна порака за исправноста на патот по којшто се движиме и почит кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности, стои во партиското соопштение.
Како што велат од СДСМ, никогаш претходно Македонија немала толку многу сојузници, толку многу партнери кои ни помагаат во остварувањето на стратешките цели.
-Сега од нас зависи дали ќе ја искористиме оваа силна поддршка што ја имаме. Затоа уште еднаш ги повикуваме Мицкоски и ДПМНЕ да продолжи дијалогот, да формираат свој тим и потребните уставни измени да се донесат што побрзо, за да не ја пропуштиме оваа историска шанса за остварување на стратешките заложби, се вели во соопштението,