Ќучук демантира дека ја предал Софија во корист на Скопје: Се гарантира вклучување на Бугарите во Уставот

од Nikola Popovski
492 прегледи

Сите обиди за обвинувања за национално предавство нема да успеат, изјавил бугарскиот европратеник, Илхан Ќучук бил обвинет од партијата ИТН поради информациите дека по негов предлог биле отстранети текстовите со кои се гарантираат правата на Бугарите во Македонија од претстојниот извештај за нашата земја во Европскиот парламент.

Ќучук бил категоричен дека ги предложил текстовите во извештајот за Македонија за да се гарантира вклучување на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот на Северна Македонија. Тој додал дека за извештајот за напредокот на Скопје ќе се гласа на 27 јуни и дотогаш не може да се коментира какви текстови ќе има во официјалниот документ.

Европратеникот додал дека на овој извештај работи четири години и секогаш истакнувал дека правата на секој граѓанин мора да бидат заштитени.

-Доаѓам од политичка партија за која правата и слободите се највисока вредност и тоа е дел од моето разбирање, рекол Ќучук.

Слични содржини