339
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје.
Тој додаде дека Вашингтон не гледа причина да ја промени својата нуклеарна политика, пренесe Ројтерс.
Блинкен ова го изјави коментирајќи ја денешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија теоретски може да користи нуклеарно оружје, но дека во моментов нема потреба од тоа.