Сарацин: С. Македонија нема време за губење, гледате што се случува во вашето соседство и колку е тоа опасно

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Северна Македонија нема многу време за губење, бидејќи не знаеме што ќе се случи, имајќи ја предвид војната во Украина. Доколку сега ги отворите кластерите после уставните измени, патот на земјата кон ЕУ е неповратен. Знаеме дека е тешко, но направете го овој чекор заедно со нас, можете да сметате дека Германија ќе биде заедно со вас на овој пат, нагласува во видео-интервју за МИА специјалниот пратеник на Германија за Западниот Балкан, Мануел Сарацин.

– Последниот пат кога бев во Скопје се обидов да објаснам дека Северна Македонија нема многу време за губење, бидејќи не знаеме што ќе се случи, имајќи ја предвид војната во Украина. Сега има момент каде Европската унија ви вели „дојдете чекор поблиску“. Доколку сега ги отворите кластерите после уставните промени, мислам дека патот на земјата кон ЕУ е неповратен. Вие направивте многу важен чекор, и сите знаат дека вашата земја ќе пристапи, не знаеме колку брзо, но никој веќе не може да ја сврти земјата назад. Гледаме што се случува во вашето соседство и колку е тоа опасно, каде насилни протести повторно се случуваат на улиците после долги години и што ова значи за чувствата на граѓаните од овој регион. Ова кажува: пристапете што е можно побргу, бидете колку што може поблиску до Европската унија, направете го овој пат неповратен сега, за да бидете посигурни при евентуални следни случувања, а не знаеме што да очекуваме во следните недели и месеци, вели германскиот дипломат.

Слични содржини