На задоволство на многубројните обожаватели на британското кралско семејство, палатата Кенсингтон објави нова фотографија од принцот Вилијам и неговите три деца, направена од Мили Пикингтон.
Новата фотографија е објавена по повод Денот на татковците кој денеска се слави ширум Велика Британија.
Навистина никого не остава рамнодушен, бидејќи во центарот на фотографијата е насмеаниот принц Вилијам додека принцот Луис виси околу вратот, а принцезата Шарлот и принцот Џорџ седат до него и го гледаат како се смее.
А, она што веднаш го забележаа оние кои внимателно го следат британското кралско семејство е дека Вилијам и децата со еден детал и оддадоа посебна почит на покојната кралица Елизабета Втора. Покрај тоа што седи на клупа, која кралицата Елизабета Втора ја доби на подарок во 2016 година по повод нејзиниот 90-ти роденден, фотографијата е направена на теренот на замокот Виндзор.
На острото око не изостана ниту тоа што се работи за збир на фотографии на кои се вклучени и портрети на принцот Луис направени по повод неговиот 5-ти роденден, бидејќи на оваа фотографија тој носи син џемпер преку кошулата.
Дека вниманието на секој детал го покажува сината облека што ја одбрал секој член од семејството – Шарлот син фустан со цвеќиња, додека принцот Џорџ, исто како и неговиот татко, принцот Вилијам, избрал сини кошули и фармерки.