644
Во Гостивар во два одделни случаи изминатото деноноќие биле лишени од слобода лица заради дрога. Како што соопшти МВР вчера (17.06.2023) во 22.30 часот во Гостивар од полициски службеници е лишен од слобода 27-годишен гостиварец затоа што кај него бил пронајден кокаин.
Ноќеска, во 3.15 часот по полноќ во Гостивар полициски службеници лишиле од слобода 41 годишник од Маврово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин.
По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок, извести полицијата.