Лајчак патува во САД поради кризата на Косово

од Nikola Popovski
408 прегледи

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак најави дека ќе отпатува за Соединетите Американски Држави каде со своите партнери ќе разговара за решението на кризата на Косово.

– Ќе одам во Вашингтон на покана на моите партнери од САД. Ќе имаме интензивни дискусии за начинот на постигнување напредок и за непосредните следни чекори, напишал Лајчак на Фејсбук.

Тој изјавил дека на Преспа форумот за дијалог, ситуацијата на северот од Косово била главна тема на сите разговори и дека во текот на оваа недела ги информирал амбасадорите на НАТО и на ЕУ за состојбата на северот, додавајќи дека е неопходно да се преземат чекори кон деескалација.

– На почетокот на оваа недела ги информирав моите колеги во Брисел за мојата неодамнешна посета на регионот, актуелната ситуација и патот напред. За време на посетата на седиштето на НАТО се сретнав и со заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан и се договоривме дека е неопходно итно да се преземат чекори за деескалација, рекол Лајчак.

Слични содржини