295
Двајца турски државјани се обиделе да ограбат куќа на подрачјето на општина Центар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-На 17.06.2023 во 21.50 часот на подрачје на Центар од полициски службеници се лишени од слобода У.Е.(47) и M.A.(43), двајцата од Р. Турција, затоа што, според пријавеното, се обиделе да одземат предмети од куќа на подрачје на Центар, но не успеале.
За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснуваат од полицијата.