Вчера (18.06.2023) во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 161 возачи .
Од вкупно 161 возачи , 122 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. Како што објавија од полицијата, еден од возачите се движел со високи 171 километар на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.