Киднапиран работник на српски Телеком во близина на Лепосавиќ?

од Stefanija Kuzmanovska
407 прегледи

Во близина на Лепосавиќ денеска е киднапиран Србин вработен во „МТС доо“, Урош Вукашиновиќ, пренесуваат српски медиуми.

Урош Вукашиновиќ (28), вработен во фирмата ќерка на „Телеком Србија“ на Косово, „МТС доо“, бил киднапиран утрово околу 7 часот и 30 минути во близина на Лепосавиќ додека патувал на работа, се вели во соопштението на „Телеком“.

„Според досегашните информации, Урош како и секој работен ден отишол на работа од својата куќа кај Лепосавиќ, но не стигнал на работа, бидејќи бил пресретнат и киднапиран од бел автомобил Фолксваген без видливи ознаки.

Засега не се знае каде е однесен Урош Вукашиновиќ и кој го киднапирал, но изразуваме страв дека ова е уште еден напад врз Србите на Косово од страна на косовската полиција.

Од Телеком Србија најавија дека ќе ги преземат сите законски активности за да го заштитат својот вработен“, соопштуваат од „Телеком“.

Слични содржини