196
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој веќе отслужува затворска казна, е обвинет за екстремизам и се соочува со ново судење и нова, повеќедецениска затворска казна.
Навални веќе отслужува деветгодишна затворска казна за кршење на условниот отпуст, измама и непочитување на судот, но тој и неговите поддржувачи инсистираат дека неговото апсење и затворање во 2021 година било политички мотивирано, потсетува Би-Би-Си.
Новото судење ќе започне денеска во казнената колонија, 250 километри источно од Москва, каде што Навални ја отслужува затворската казна.