Пендаровски му одговори на Ковачки: Војската ќе биде поддршка на полицијата и нема да има допирна точка со затворениците во „Идризово“

од Nikola Popovski
757 прегледи

Во рамките на одлуките донесени од страна на групата за процена на безбедносни закани како и управувачкиот комитет, одржани во Центарот за управување со кризи, утврдено е дека постои безбедносен ризик односно потреба од зајакнување на обезбедувањето на Казнено – поправниот дом „Идризово“, информираа од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за „Локално“, како реакција на денешната објава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Како што велат од Кабинетот на Пендаровски, Владата неодамна утврдила кризна состојба на подрачјето на општината Гази Баба и со цел да спречат безбедносни закани, следствено на одлуката на влада, а по барањето на ЦУК, претседателот Пендаровски ја донесе наредбата припадници на Армијата во наредните 30 дена да го обезбедуваат затворот, а на нив ќе им се приклучат и припадници на МВР.

-Ангажманот на припадниците на армијата ќе биде идентичен како и за време на Ковид – 19 пандемијата кога обезбедуваа надворешен периметар на стратешки важни објекти, а за кој ангажман јавноста имаше позитивно мислење. Војската ќе биде поддршка на полицијата и нема воопшто да има допирна точка со лицата кои се наоѓаат на издржување на нивните казни во „Идризово“. Преземените мерки и активности се целосно во согласност со законските акти за управување со кризи и истите се превентивен одговор за потенцијалните безбедносни закани, потврдија од кај претседателот Пендаровски.

Ковачки обвини дека има молк од претседателот и министерката за одбрана, Славјанка Петровска и праша зошто на подрачје на Гази Баба, Владата прогласила кризна состојба за да единици на АРМ обезбедуваат затвори.

-Во која друга НАТО членка, војска чува затвореници?; Кои правила на употреба на сила ги имаат војниците?; Кој ќе одговара ако дојде до употреба на сила?; Има ли некој да му каже на Пендаровски дека лично тој направил преседан кој утре многу лесно може да биде злоупотребен?; Што правиме ако утре – хипотетички на Владата или на некоја идна Влада им падне на памет да прогласат кризна состојба на подрачје на општина Центар и Пендаровски да нареди употреба на војска пред Собрание?, праша меѓу другото Ковачки.

Овој потег следува по информациите за недостаток на чувари во оваа казнено поправна установа. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена. Центарот за управување со кризи, претходно објави дека припадници на МВР и на Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостаток на чувари.

Од ЦУК образложија дека бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи потребит

Н.П.

Слични содржини