„Ер Србија“ воспостави сезонски летови меѓу Белград и Охрид

од Stefanija Kuzmanovska
359 прегледи

Ер Србија започна директен лет меѓу Белград и Охрид со летот JU116, се вели во соопштението.

Според соопштението, националната авиокомпанија ќе лета до градот од аеродромот Никола Тесла во Белград, четири пати неделно, секој понеделник, среда, петок и сабота.

Воведниот лет на Ер Србија свечено беше пречекан на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

„При изборот на дестинации, патниците посветуваат големо внимание на нивната пристапност. Директната воздушна врска често е одлучувачки фактор. Имајќи го ова предвид, од почетокот на 2023 година ја збогативме нашата мрежа со повеќе од 20 градови низ Европа, Северна Америка, Азија и Африка до кои не летавме во 2022 година. Веруваме дека оваа линија ќе им биде интересна на патниците и ќе ги мотивира да го поминат одморот на „македонското море“, изјави Бошко Рупиќ, директор за комерцијала и стратегија на Ер Србија.

Од Охрид, преку Белград, се додава во соопштението, патниците ќе имаат добра врска со голем број дестинации во мрежата на Ер Србија, како Амстердам, Виена, Берлин, Болоња, Цирих, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Копенхаген, Љубљана, Њу Јорк, Осло, Подгорица, Прага, Рим, Венеција и Загреб.

Слични содржини