Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека украинските сили не изгубиле позиции во контраофанзивата против руските сили, додека непријателските сили трпеле само загуби.
„Во некои сектори нашите сили одат напред, во други ги браниме нашите позиции и се спротивставуваме на нападите на окупаторите“, рече Зеленски во своето видео обраќање ноќеска.
„Ние не изгубивме позиции, туку ги ослободивме. А тие имаат само загуби. Генерално, ситуацијата е таква што создаваме притисок, што го отвора патот за нашето знаме“, рече украинскиот лидер.