Британскиот парламент гласаше да го усвои извештајот со кој се препорачуваат санкции против поранешниот премиер Борис Џонсон за намерна измама на Парламентот за време на пандемијата на коронавирус кога организирал забави, кои беа забранети.
Само седум пратеници гласаа против, додека 354 гласаа за усвојување на извештајот, пренесува „Ројтерс“.
По усвојувањето на извештајот, поранешниот британски премиер беше лишен од посебниот пристап до парламентот.