Дали сакате да „дремнете“ малку попладне? Еве што велат научниците за тоа!

од Stefanija Kuzmanovska
463 прегледи

Редовно наоѓање време за малку сон во текот на денот е добро за мозокот, пишува Би-Би-Си, повикувајќи се на научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Тим научници покажа дека мозокот на луѓето кои дремеле во текот на денот е поголем за 15 кубни сантиметри – што е еквивалент на одложување на стареењето меѓу три и шест години. Научниците препорачуваат оваа дремка да биде пократка од половина час. Но, краткиот дневен сон е предизвик за секоја кариера бидејќи е доста тешко да се спие на работа.

„Ние сугерираме дека секој може потенцијално да доживее некаква корист од дремењето“, рече д-р Викторија Гарфилд. Таа ги опиша наодите како „прилично нови и возбудливи“.

Дневните дремки се важни за бебињата, тие стануваат се поретки со текот на годините, а луѓето се враќаат на дневните дремки кога ќе се пензионираат. Дваесет и седум проценти од луѓето над 65 години се релаксираат со дремење во текот на денот.

Д-р. Гарфилд вели дека советот за кратки дневни дремки е многу полесен за спроведување отколку, на пример, губење на тежината или вежбање, што на многумина им е тешко. Мозокот природно се намалува со возраста, а дали дневниот сон може да спречи болести како што е Алцхајмеровата болест, останува прашање за некоја друга студија.

Слични содржини