Последната фотографија од подморницата пред да исчезне: Овие прашања ги мачат спасувачите

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

На социјалните мрежи се појави фотографија за која се верува дека е последната фотографија од подморницата која исчезна со пет луѓе среде Атлантскиот Океан.

Подморницата исчезна набргу по почетокот на мисијата, а експертите предупредија дека можеби се заглавила во остатоците од Титаник до кој ги носела патниците.

На социјалните мрежи кружи наводно последната фотографија од подморницата пред да ѝ се изгуби секаква трага.

Официјални лица на крајбрежната стража процениле во понеделникот попладне дека подморницата има „некаде помеѓу 70 и цели 96 часа“ кислород – што ќе им даде на спасувачите рок до петок да го лоцираат и извлечат пловилото.

Таа изгубила контакт еден час и 45 минути откако нурнала во океанот, според американската крајбрежна стража. Патниците тргнале на ризично патување за да нурнат до потонатиот брод Титаник, кој се наоѓа на 3.800 метри на дното на океанот.

Додека американските и канадските власти продолжуваат да ја бараат, сè уште е нејасно што се случило со исчезнатата подморница, зошто изгубила контакт со нејзината екипа на површината и каде (или колку длабоко) би можела да биде.

Слични содржини