Пригожин бесен: Вагнеровците не ги добија одликувањата кои им ги вети Путин

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Евгениј Пригожин, водачот на руската платеничка група „Вагнер“, се пожали дека повеќето негови борци се уште не ги добиле медалите кои им ги вети претседателот Владимир Путин за нивната улога во најкрвавата битка во украинската војна, пренесува „Ројтерс“.

Приватната војска на Пригожин го предводеше нападот врз источниот град Бахмут, кој минатиот месец беше заземен од руските сили по девет месеци борби. Путин тогаш му честиташе на „Вагнер“ и на руската армија и рече дека сите кои се истакнале во овие битки ќе добијат награди од државата.

Меѓутоа, сега Пригожин, кој јавно го обвини министерството за одбрана и неговото раководство за неспособност и неуспех да ги снабдува руските сили, тврди дека повеќето од неговите луѓе не биле одликувани.

„Од државните награди за Бахмут беа доделени само ѕвездите Херој на Русија. На борците, мнозинството борци, ништо не им беше доделено. Списоците се кај министерството за одбрана“, рече тој.

„Според моите информации настанала гужва околу потпишувањето на наградите. Сите веќе заборавија дека тие се бореа таму и гинеа“, додаде Пригожин.

Слични содржини