Трагедија кај Демир Капија: Маж загина од струен удар качен на воз

од Nikola Popovski
338 прегледи

Центарот за управување со кризи синоќа соопшти дека едно лице загинало на кров од вагон кај Демир Капија.

-Од Македонски железници известуваат дека од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице (најверојатно емигрант) и по допир со инсталацијата која што е под напон дошло до негова смрт.

На лице место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош. По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот, порачаа од ЦУК.

Слични содржини