Проширена потрагата по исчезнатата подморница „Титан“, се слушнале звуци

од Stefanija Kuzmanovska
402 прегледи

Потрагата по подморницата „Титан“, која исчезна додека превезуваше туристи до местото на потонатиот брод Титаник во Атлантскиот Океан, сега е повеќе подводна операција, изјави во вторникот адмиралот на крајбрежната стража Џон Маугер.

Досега, операциите за пребарување и спасување се одвиваа пред се на површината на водата и во воздух.

„Додека продолжуваме да бараме, нашите мисли се со членовите на екипажот и нивните семејства во моментов. Ако има некаква шанса, ќе направиме се што можеме за да се осигураме дека ќе ја лоцираме таа подморница“, изјави Маугер за Си-Ен-Ен.

Се слушаат звуци во областа каде што исчезна пловилото

Американските медиуми објавија дека спасувачкиот тим од Кандиа, кој трага по исчезнатата туристичка подморница, слушнал „удирање“ во областа каде што исчезна пловилото.

„Сондите детектираа удари во таа област на секои 30 минути, четири часа подоцна беше испратена дополнителна сонда, а ударите сè уште се слушаа“, објави Си-Ен-Ен.

Крајбрежната стража на Бостон, која ја води спасувачката операција, одби да ги коментира извештаите за звуците на „удирање“.

Слични содржини