215
Министерот за образование, Јетон Шаќири, кој доаѓа од редовите на ДУИ, денеска беше запрашан за негова реакција и на партијата после одлуката на американскиот Стејт департмент да го стави на црна листа градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
-Знаете дека ДУИ како партија секогаш била за ветинг и го бара за сите функционери што доаѓаат и кои се од локалната и централната власт. Ќе имате став од партијата и ќе објаснат повеќе, кракто изјави Шаќири на новинарско прашање.
Мерко е дел од највисоките партиски органи на ДУИ. Од „Мала Речица“ се уште нема официјално соопштение и став после одлуката од Вашингтон.