Директорот на Бирото за развој на образование, Зекирија Хасипи денеска порача дека не чувствува одговорност за доцнењето на учебниците кај шестоодделенците.
-За изработка на наставни програми имаме програми и процедури и според тие сме постапиле навремено. Откога се озработени работните групи, сме ангажирале и Второстепена комисија за разгледување на некои пропусти. Откако сме изработиле конечна верзија, сме доставиле по една или две програми до МОН. Во март месец доставивме програми и мислам дека ако постапката за печањете оди по сите прописи, во септември ќе ги имаме учебниците, кажа директорот како одговор на новинарско прашање.
Минатата учебна година заврши без сведителства за учениците, бидејќи тендерите доцнеа. Новата учебна година започна без учебници, а од почетокот на првото полугодие почнаа дојавите за бомби што резултираше со масовно губење на настава.