Меџити: До МЗ и Фондот за здравство нема поднесено барање за лекување на Кико

од Nikola Popovski
456 прегледи

Министерот за здравство, Фатмир Меџити соопшти дека барање за лекување на малиот Кико од Штип не е поднесено во Министерството за здравство, ниту во Фондот за здравство.

-Такви службени барања до МЗ и надлежните досега немало. Ние ќе го разгледаме случајот. Фамилијата треба да поднесе барање, да видиме дали е базирано на докази таа болест. Информиран сум дека е ретка и тешка болест, но нема поднесено барање до надлежните. Тој случај досега не бил во јавно здравство. Четири-пет години не биле на преглед во нашето државно здравство. Индивидуално тука луѓето можат да одлучат сами како што понатаму. Ова се државни институции и треба службено барање, рече Меџити, како одговор на новинарско прашање.

Младиот Кристијан има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје. Последните информации се дека Кико е подобар и се очекува дозвола од лекарите за тој да може да замина за Турција каде ќе го продолжи лекување за што беа потребни 50.000 евра.

Претходно, пак, беше објавено дека за идната недела ќе се организира концерт во Штип на кој неколку естрадни звезди ќе пејат за Кико.

Слични содржини