Нови проблеми за Маск: Еден куп поранешни и сегашни вработени во Твитер поднесоа тужба

од Stefanija Kuzmanovska
476 прегледи

Колективната тужба во негово име и на голем број сегашни и поранешни вработени во Твитер поднесе поранешниот директор на компанијата Марк Шобингер.

Во заедничката тужба се наведува дека на вработените не им биле исплатени дел од нивните бонуси во 2022 година и покрај повеќекратните ветувања.

Судските документи наведуваат дека на вработените им бил ветен бонус од 50 проценти за 2022 година од директорите, вклучувајќи го и Нед Сегал, поранешниот главен финансиски директор на компанијата.

Шобингер, кој претходно беше висок директор за компензација на Твитер, во тужбата тврди дека тие гаранции биле дадени пред и откако Елон Маск ја купи компанијата минатиот октомври.

Сепак, во првиот квартал од 2023 година, кога требаше да се распределат бонусите, Твитер одби да им ги исплати на вработените кои останаа во компанијата, според тужбата.
Шобингер, кој го напушти Твитер, рече дека ги одбил повиците од регрутерите и компаниите за други можности за работа токму поради ветениот бонус.

Во изјавата споделена од АП, адвокатката на тужителот Шенон Лис-Риордан рече дека бонусите што Твитер им ги должи на вработените изнесуваат „десетици милиони долари“.

Претставниците на Твитер не одговорија на прашањата на медиумите, а адвокатите кои ја застапуваат компанијата исто така одбија да одговорат на испратените барања.

Слични содржини