Зошто ми е извадена матката, јајникот и зошто повеќе нема да можам да станам мајка, праша родилката Веапоска

од Nikola Popovski
409 прегледи

Денеска во Основниот суд во Струга продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, Јелдаз Веапоска, која при породувањето во 2020 остана без бубрег, матка и јајник. Денеска изјави даваа тројца вештаци од Институтот за судска медицина.

Веапоска смета дека вештачењето било ограничено само на делови од медицинскиот зафат и се однесувало само на извадениот бубрег, а не и за останатите органи што и биле отстранети при хирурушкиот зафат.

-Сметам дека за се она што ми се случи одговорен е целиот медицински персонал на струшката болница, за се она што ми се случуваше од мојот влез во болницата се до денот на излегувањето… Да потсетам до Обвинителството, до адвокатите, мене не ми беше изваден само бубрегот, туку и матката, за што воопшто не се зборуваше. Зошто ми е извадена матката, зошто јајникот и зошто јас повеќе нема да можам да станам мајка, нема да можам да имам други деца, порачала оштетената Веапоска.

Д-р Мухамед Асани, кој е првообвинет е поранешен директор на Струшката болница. Второобвинетиот е негов син, Блертон Асани, како лекар-специјализант по гинекологија, а третообвинета е докторката Лилјана Јованоска.

Според обвининето, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и биле отстранети бубрег, матка и јајник. Како што е појаснето при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.

Судскиот процес почна во јуни минатата година, но поради отсуство на обвинетите неколку пати беше одлаган. Следното рочиште е закажано за 10 јули.

Слични содржини