МОН ги прави сите подготовки учебниците да бидат доставени на 1. септември

од Nikola Popovski
306 прегледи

Се прават сите подготовки на 1 септември навремено да бидат доставени учебниците. Ова денеска го изјави министерот за озбразование и наука, Јетон Шаќири.

Тој на новинарско прашање, зошто се доцни со изготвување на програмите за шесто одделение, рече дека наставните програми за шесто одделение се доставени навреме во март до МОН, анекои од предметите и во април.

„Но, исто така некои од наставните програми за трето одделение се доставени во ноември минатата година. За трето одделение сме во напредна фаза, а за шесто ќе се обидеме да го стигнеме 1 септември. Се прават сите подготовки на 1 септември навремено да бидат доставени учебниците. Што се однесува за предметот географија за седмо и за деветто одделение мислам дека системот веќе се отвори и веќе за сите предмети кои ќе имаат барања од страна на училиштата ние ќе доставиме учебници“ – рече Шаќири.

Министерот соопшти дека во тек е крупна реформа во основното образование, каде етапно се изработуваат нови наставни програми, нови учебници по сите предмети. Посочи дека интегрираат предмети за, како што рече, да можат учениците полесно и преку повеќе аспекти да ја совладуваат нивната материја.

Слични содржини