Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека новата генерација интерконтинентални ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе од 10 нуклеарни проектили, наскоро ќе бидат распоредени на борбени позиции.
Како што јави агенцијата Ројтерс, Путин во својот говор пред дипломираните студенти на воената академија ја истакнал важноста на руската „тријада“ нуклеарни сили – од копно, море и воздух.
„Тука најважна задача е развојот на нуклеарната тријада, која е клучната гранка на руската воена безбедност и глобалната стабилност“, рече рускиот претседател.
Според неговите зборови, „веќе половина од единиците и формациите на Стратешките ракетни сили на Русија се опремени со најновите (интерконтинентални ракетни) системи Јарс, а трупите се повторно опремени со модерни ракетни системи, со хиперсонични боеви глави „Авангард“.
Путин рече дека првите ракети од типот „Сармат“ ќе бидат распоредени за борбени задачи „во блиска иднина“.
Од почетокот на војната против Украина, тој постојано изјави дека Русија е подготвена да ги искористи сите средства, вклучително и нуклеарните, за да го одбрани својот „територијален интегритет“.
Минатата година Путин рече дека окупираните територии во Украина, за кои Русија сега тврди дека се свои, ќе ги стави под „нуклеарниот чадор“ на Москва.
Меѓутоа, минатата недела Путин рече дека Украина „нема шанси“ во својата контраофанзива и дека нема потреба Русија да посегнува по својот нуклеарен арсенал.
Ракетите од типот „Сармат“ можат да носат нуклеарни боеви глави во САД и Европа, но нивното распоредување очигледно оди побавно од планираното, имајќи предвид дека Русија уште во април 2022 година објави дека ќе ги распореди до есента истата година, а Путин сега повторно најавува .