Пребарано подрачје со големина на Либан, детали од потрагата по подморницата

од Nikola Popovski
587 прегледи

Тимови од САД, Канада и Франција пребараа повеќе од 25.900 квадратни километри на отворено море, приближно со големина на Либан, во областа на Атлантикот каде исчезна подморницата со пет лица, но засега нема резултати. изјавија денеска официјални лица.

Американската крајбрежна стража соопшти дека подводните уреди со далечински управувач биле распоредени во областа каде што канадските авиони вчера и денес ги забележале звуците со помош на сонар.

Капетанот на крајбрежната стража Џејми Фредерик на прес-конференција рече дека анализата на звуците „не резултира со конкретни заклучоци“.

„Не знаеме за што се работи. Бараме во областа каде што се слушна“, рекол Фредерик.

Дури и да се најде подморницата, нејзиното извлекување ќе биде голем логистички предизвик, со оглед на екстремните услови километри под површината.

Подморницата „Титан“ долга 6,7 метри исчезна во неделата со пет лица на бродот кога тргнала на туристичка обиколка на остатоците од „Титаник“. Подморницата изгубила контакт со својот матичен брод на површината за време на двочасовното нуркање.

Подморницата имала 96-часовно снабдување со воздух, според спецификациите на компанијата што ја поседува, што би значело дека до утре наутро би можела да остане без кислород.

Експертите велат дека количината на воздух зависи од бројни фактори, меѓу кои и дали подморницата е сеуште неоштетена и дали има струја.

Слични содржини