Украина нападна мостови на границата на регионот Херсон и Крим

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Украинските војници нападнаа мостови во близина на Чонгар, на административната граница меѓу украинската област Херсон и Крим под контрола на Москва, соопштија проруските власти.

Вршителот на должноста гувернер на Херсонската област, Владимир Салдо наведе дека според прелиминарната проценка, за време на нападот биле користени британски проектили Storm Shadow, пренесува РИА Новости.