Спасовски: По лидерските средби не треба да има еуфорија, туку нудење заемно прифатливи предлози заради иднината на државата

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Функционерот на СДСМ Оливер Спасовски во гостувањето во Телма телевизија истакна дека е добро што конечно започнал некаков дијалог меѓу политичките субјекти.

-И во нормални времиња треба да има дијалог за активностите и стратешките цели на државата. Второто добро во ваквите првични разговори е тоа дека и опозицијата разговара на непринципеилни основи, односно се менуваат нивните ставови. Би сакал тоа да е заради интересите на државата, а не заради нешто друго. Тие кажаа дека би прифатиле уставни измени, а не дека се некаков диктат, но морам да заклучам дека нивото на политичк култура во Северна Македонија мора да оди нагоре, кажа Спасовски.

Тој истакна дека не треба да има еуфорија по таквите средби, туку нудење на разговор и предлози кои можат да бидат заемно прифатливи заради иднината на држава.

-Ова се одлуки за иднината на државата и граѓаните и тоа мора да го знаат политичките водства, не заради позициите на едната или другата партија, или заради водството на едната или другата партија. Политичките субјекти и целосно опозицијата треба да бидеме на ниво на задачата. Ова не го правиме заради Владата или партијата, туку за државата и за иднината на генерациите пред нас. Ако ова е момент за забрзување на евроинтеграциите треба да одлучиме дали ќе го искористиме моментот или не, рече Спасовски.

Тој нагласи дека на наредните избори ќе судрат два концепта, едниот е концепт на извеснота предводен од СДСМ, а вториот е концепт на неизвесноста предводен од Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини