„БЕШЕ ПРЕПЛАШЕН“: Сестрата на пакистанскиот милијардер откри зошто таткото и синот платиле 250.000 долари и се качиле во подморницата

од Nikola Popovski
861 прегледи

Тетката на Сулејман Давуд (19), кој загина со својот татко во подморницата „Титан“, за „NBC“ изјави дека нејзиниот внук бил „преплашен“ од експедицијата пред да тргне на пат.

Азмех Давуд, постарата сестра на пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и тетка на 19-годишниот Сулејман, рече дека младото момче му рекло на роднина дека „не е подготвен за тоа“ и дека се чувствувал „преплашен“ поради патувањето.

„Мислам на Сулејман, кој има 19 години, внатре, кој се бори за здив…“, рекла Азмех Давуд.

Како што вели, се уште е во неверување.

„Тоа е нереална ситуација. Се чувствувам како да сум во навистина лош филм, со одбројување, но не знаевте за што одбројувате… Тешко ми беше да дишам размислувајќи за нив“, вели таа.

Азмех Давуд зборувала и за нејзиниот помлад брат Шахзади Давуд, кој исто така загина во имплозијата.

„Тој ми беше помал брат… Го држев кога се роди“, додала таа.

Според неа, нејзиниот брат бил „апсолутно опседнат“ со Титаник уште од рана возраст и сакал да ги посетува музејските изложби за потонатиот брод, поради што платил 250.000 долари за билет за подморницата.

Семејството Давуд е меѓу најбогатите во Пакистан, но има силни врски со Обединетото Кралство и се верува дека живее во замок во Сари. Таткото на Шахзади, Хусеин е претседател на корпорацијата „Давуд Херкулес“, која произведува хемикалии и корпорацијата „Енгро“ која произведува ѓубрива.

Покрај членовите на семејството Давуд, загинаа и милијардерот Хамиш Хардинг, капетанот на подморницата „Наутилус“ и истакнатиот нуркач Пол-Анри Нарголе, како и извршниот директор на „Оушн Гејт“, Стоктон Раш.

Слични содржини