Пропагандистот на Путин: Немаме повеќе опции, мораме да ги избришеме од лицето на Земјата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
298 прегледи

ВЛАДИМИР Соловјов, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и познат пропагандист, се осврна на извештаите дека украинските проектили оштетиле мост на Крим. Руската војска го зазеде полуостровот Крим од Украина во 2014 година, а нападите врз регионот ескалираа во последните месеци. Вчера руските власти објавија дека украинските сили го оштетиле мостот Чонгар, кој поврзува делови од областа Херсон, под контрола на Русија, со Крим.

Украинските власти директно не ја презедоа одговорноста за нападот, но портпаролката на украинската војска Наталија Хумениук на националната телевизија зборуваше за нарушувањето на руската логистика. Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Соловјов постојано ја повикува Русија да користи тактички нуклеарни бомби во војната, пишува Newsweek.

Тој во оваа прилика рече дека нападот на Крим е уште еден пример зошто Русија треба да користи такво оружје. Новинарот на Би-Би-Си, Френсис Скар, на Твитер сподели преведена снимка од коментарите на Соловјов за нападот на мостот.

„Веќе немаме (друга) опција. Мораме да ги избришеме од лицето на Земјата – нивните центри за одлучување, а не украинскиот народ. Но, никој во нивното раководство не треба да смее да се чувствува удобно. Tие ни рекоа дека е тешко да удриме по нивните мостови. Тие гаѓаат по нашите мостови, а ние не нивните не“, вели пропагандистот.

Слични содржини