Рама: Деескалација не може да има додека Србија не ги ослободи косовските полицајци

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама повика на безусловно ослободување на тројцата косовски полицајци кои беа приведени од српските сили на 14 јуни.

Рама оцени дека уапсените се „заложници“ и го критикуваше ставот на Србија во тој случај. Приштина тврди дека полицајците биле „киднапирани“ од територијата на Косово, додека Србија останува на ставот дека биле уапсени затоа што биле „длабоко“ на нејзина територија.

Полицајците се уапсени за граничен криминал, но КФОР, воената мисија на НАТО, изјави дека не можат да утврдат на чија територија се случило тоа.

Рама смета дека е „неоправдано и вознемирувачко“ што Србија ги држи косовските полицајци во притвор додека бара ослободување на Србите кои беа уапсени.

Официјална Приштина претходно оцени дека Србија ги уапсила полицајците за да се „одмазди“ за апсењето на Милун Миленковиќ, кој е обвинет за учество во организацијата на нападот на КФОР.

Премиерот на Албанија, исто така, рече дека „демократските држави никогаш не одговараат на овој начин на апсењата, за кои сметаат дека се случајни“, и додаде дека Србија треба да соработува со КФОР во врска со тврдењата дека Србите „неосновано“ се апсат.

Слични содржини