(ФОТО/ВИДЕО) Жителите на Ростов ги испратија „Вагнер“ како херои, им носеа храна и пијалоци, се сликаа со нив: „Се надеваме дека ќе победат!“

од Vladimir Zorba
865 прегледи

Иако рускиот претседател Владимир Путин го нарече саботниот вооружен бунт на Евгениј Пригожин и неговите платеници од Вагнер како предавство и прободување на (мајка Русија) во грб, значителен број жители на Ростов на Дон – град на југот на земјата и центарот на вчерашниот бунт – ги пречека војниците на Вагнер како херои, носејќи им храна, вода и слатки, пишува „Гардијан“.

– Конечно можеме да ги пречекаме дома. Армијата (во Украина) од самиот почеток се бореше на погрешен начин, тие извршија премногу притисок врз овие момци. И во Бахмут и на други места. И види што се случува сега? Нашата сопствена армија се обидува да не спречи да победиме во оваа војна – вели 36-годишниот Евгениј, поддржувач на рускиот напад на соседната земја, кој активно им помагал на руските војници собирајќи пари и транспортирајќи разновидна стока до руските војници во окупираните делови на Украина.

Тој смета дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се однесувал „апсолутно коректно“ со тоа што извршил државен удар насочен кон военото раководство.

– Се надевам дека ќе победи – рече Евгениј само неколку часа пред неговиот херој Пригожин да се откаже од нападот врз Москва.

Во извештајот од Ростов на Дон, Гардијан го истакнува постоењето на бројни видеа на кои се прикажани жителите на тој град како им оддаваат почит на војниците на Вагнер или прават селфи со нив.

Жителите на Ростов вчера за новинарите изјавија дека ситуацијата во градот е тензична, но мирна и дека војниците на Вагнер кои вчера де факто го окупираа Ростов се однесуваат пристојно, без разлика што меѓу нив има добро обучени платеници, но и регрути кои пристигна на фронтот директно од еден од многуте руски затвори.

Секако, имаше и жители на Ростов кои за новинарот на Гардијан изјавија дека се многу загрижени поради можноста од вооружен судир меѓу силите на Вагнер и руската армија.

Додека дел од населението им носело храна, пијалок и други потреби на платениците на Пргожин, други биле незадоволни од навлегувањето на платениците на Вагнер во нивниот град.

– Засрамете се! Дали сте заштитници на нашата татковина или не? – извика маж туркајќи велосипед покрај пет борци на „Вагнер“.

Иако вчераутро во Ростов се слушаа експлозии и пукотници околу воените објекти окупирани од силите на Вагнер, сè на сè, животот во тој град беше повеќе или помалку рутински. Во центарот на градот маж свирел на хармоника додека граѓаните мирно минувале покрај оклопните транспортери.

Слични содржини