„MrBeast“, јутјуберот кој има дури 160 милиони следбеници на YouTube, бил поканет во подморницата Титан, која експлодираше со пет патници за време на експедицијата до потонатиот брод Титаник.
Неколку недели пред трагедијата што го погоди светот, јутјуберот добил покана што ја споделил на Твитер.
I was invited earlier this month to ride the titanic submarine, I said no. Kind of scary that I could have been on it pic.twitter.com/bQUnaRiczA
— MrBeast (@MrBeast) June 25, 2023
„Бев поканет на почетокот на овој месец да бидам дел од подморницата Титан, но одбив. Малку е страшно да се мисли дека можев да бидам во на“, објавил „MrBeast“ на Твитер со скриншот од пораката.
„Ќе одам на Титаник подоцна овој месец. Тимот би бил воодушевен доколку дојдеш со нас“, стои во дел од пораката што ја прикажа.
Инаку, неколку дена пред несреќата во подморницата бил уште еден јутјубер, Скуба Џејк.
Тој објави и видео на кое се гледа како изгледа процесот на влегување во подморницата, а имал голема среќа што тогаш не се случил кобниот ден.
Да потсетиме дека подморницата Титан исчезна, а по неколку дена беа пронајдени нејзините делови. Како што беше соопштено, најверојатно дошло до имплозија и дека тешко дека ќе бидат пронајдени телата на жртвите.
Во моментов е во тек истрага за да се утврди како дошло до несреќата, односно имплозијата.
Што е имплозија?
Имплозијата е процес на уништување на предмети преку вовлекување во себе. За разлика од експлозијата, имплозијата концентрира материја и енергија. Пример за имплозија е подморница смачкана однадвор од хидрауличниот притисок на водата што ја опкружува.