Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш ќе ја потпиши трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија.
ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра неповратни средства од ЕУ.
Вицепремиерот Маричиќ, заедно со неговата српска колешка, министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, и евроамбасадорот во Србија, Емануел Жиофре, ќе ја потпишат првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.
Средствата предвидени за реализација на прекуграничната соработка ќе опфатат два тематски приоритети и тоа социо-економски развој и развој на туризмот, во прекуграничниот регион кој го влегуваат областите Јабланица и Пчиња во Србија и Североисточниот регион и дел од Скопскиот регион во Северна Македонија.