Беше ѕвезда во 90-тите, а сега протече полициска фотографија на која е непрепознатлив (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Пејачот на рок групата од 2000-тите Crazy Town изгледа целосно непрепознатливо на неодамна објавената полициска фотографија која сега стана вирална.

Сет Брукс Бинзер (48), познат како Шифти Шелшок, е уапсен во Мирл Бич, Јужна Каролина за поради возење под дејство на алкохол. Музичарот познат по неговиот хит „Butterfly“, кој две недели беше на врвот на топ-листата Billboard Hot 100 во 2001 година, изгледаше сосема поинаку од неговите панк рок денови додека беше фотографиран откако не го поминал алкотестот.

Некогаш познат по својот момчешки изглед, Сет денес изгледа ослабено и малку „пропаднато“, но неговиот познат пирсинг на усните сè уште е таму, како и неговите бројни тетоважи.

Во полицискиот извештај објавен од TMZ се наведува дека локалните полицајци го запреле во неговиот црн теренец откако не можел да држи правец додека возел на улица. Бинзер, чија битка со зависноста е веќе добро позната, наводно изгледал „летаргично и бладал неразбирливи зборови“ пред да падне на алкотестот.

Инцидентот се случил само една недела откако Бинзер и колегата од бендот Crazy Town, Боби Ривс се степале по концерт во Миртл Бич. Расправијата меѓу музичарите настанала поради лутина што Бинзер не се појавил на нивниот настап, објави TMZ.

Слични содржини