Зибери презентираше извештај: Во „Бардовци“ пациенти го тепаат персоналот, во „Демир Хисар“ метални синџири, кожени ремени и кабли

од Nikola Popovski
223 прегледи

Народниот правобранител, Насер Зибери денеска порача дека психијатриската болница „Скопје“ и психијатриската болница „Демир Хисар“ имаат сериозни недостатоци и потребно е целосно реновирање на објектите.

Тој исто така информира за условите во кои престојуваат пациентите.

-Во болницата „Бардовци“ има нередовност во примањето на терапијата. За време на посетата, персоналот не може да воспостави ред во примањето на терапијата од страна на пациентите, а беа добиени наводи и дека персоналот се соочува со закани од напади од болничкиот персонал. Конфликтите меѓу пациентите се чести, а вербалнитте караници резултитраат со напади. Во судското одделение на болницата „Бардовци“ има чести бегства кои можат да траат неколку месеци, при што како причини пациентите ги посочуваат лошите услови, недостатокот на организирање активности. Во прилог на ова е и недоволниот медицински персонал, како и слаб менаџмент, рече Зибери изнесувајќи податоци од Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам за ризиците од тортура во сместувачките капацитети на лицата кои се задржуваат или се лишени од слобода и тоа како што рече на денот за поддршка на лицата против тортура.

Како што истакна, материјалните услови не се доволни за стандардите.

-Во објектот „Демир Хисар“ беа пронајдени кожени ремени, метални синџири со катанче. Во друга просторија имаше цврст кабел, за што вработените немаа одговор зошто е таму. Народниот правобранител посебно ја нагласуса забраната за чување метални синџири во болниците, рече Зибери и препорачува зголемување на бројот на персонал, медицински сестри, техничари и болничари во двете болници.

Слични содржини