Бајден: САД и НАТО немаат никаква врска со бунтот во Русија

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека САД и НАТО не биле вклучени во краткотрајниот бунт на паравоената група „Вагнер“ во Русија.

Тој, во својата прва реакција на бунтот, рече дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание ќе има тоа врз војната во Украина, пренесува АП.

„Јасно ставивме до знаење дека не сме вклучени. Немавме никаква врска со тоа. Ова беше дел од борбата во рускиот систем“, рече Бајден, додавајќи дека сојузниците работат на тоа да не даваат „никаков изговор“ за обвинување на Западот за бунтот.

Слични содржини