Изречени 588 санкции за брзо возење за едно деноноќие

од Nikola Popovski
183 прегледи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 588 возачи.

Од нив, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 286 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 302 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.

Слични содржини