Црквата ги нарече „чудовиште“ предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција и смета дека ќе се отвори Пандорината кутија

од Nikola Popovski
415 прегледи

Ние сме излажани во контекстот на овие закони затоа што родот како атрибут на полот не го одвојуваме од полот и ако има два пола, има два рода, вели епископoт Јаков Стобиски на денешната прес-конференција на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија по повод закажаниот протест во четврток пред Соборниот храм во Скопје.

За предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција, Стобиски вели дека „ни носат еден конструкт чудовишен и можност за отворање на Пандорината кутија“.

-Секој ден да излегуваат разни родови и секој да биде тоа што посакува. Тоа е нешто на што не сме навикнати, не го сакаме и не го прифаќаме во демократското општество. Процесот на градење на законите мора да зрее и да се обликува со менталниот склоп и подготвеноста на народот и заедницата. Да не се обидува никој овој импулс и бунтовен рефлекс да го спинува и да се става во поинаков контекст. Ние сме мала земја и знаеме дека оваа не е наша реалност и не сакаме да биде, истакна епископот на брифингот со новинарите.

Потенцира дека и другите верски заедници даваат поддршка на протестот и се надева на нивното присуство пред Соборниот храм на 29-ти јуни.

Слични содржини