Струјата ПОЕВТИНУВА во првиот и вториот блок

од Nikola Popovski
286 прегледи

Вкупната цена на електрична енергија во првиот блок се намалува за 7,04%. Вкупната цена на електрична енергија во вториот блок се намалува за 4,09%. Цената на струјата во третиот блок се зголемува за 2,54% и во четвртиот блок за 2,42%. Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, додека кај малите потрошувачи заради окружувањето, има мало зголемување од 0,38%, информира денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски за новата цена на електричната енергија која треба да стартува од 1-ви јули.

Бислимоски појасни дека цената за пренос на електрична енергија се намалува за 17,06%, а имало барање од 52%.

-Намалувањето се должи зстоа што се намалија трошоците за загуби, кои што во втората половина на 2023 изнесуваат 133 евра за мегават час, а во првата половина изнесуваат 229 евра за мегават час. Цената за дистрибуција се зголемува за 2,12%, додаде Бислимоски.

За тоа колку ДДВ-то ќе влијае во крајната цена, првиот човек на РКЕ информира дека влијае над 7% и дека кај едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка, намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26%, а влијанието заради ДДВ-то е 2,5%.

-Зголемувањето на ДДВ-то од 7,2% го сведовме на 2,5% како вкупен трошок. РКЕ секогаш цените ги носи без ДДВ, истакна Бислимоски на брифинг со новинарите.

Тој исто така потенцира дека околу 80% од броилата во државата немаат далечинско отчитување и поради тоа инсистираат сите да се заменат и на тој начин да се отстранат сите сомнежи кај потрошувачите во однос на времето и периодот на отчитување.

Слични содржини