Пирс Броснан, кој стекна светска популарност со улогата на тајниот агент 007 во серијалот филмови за Џејмс Бонд, во понеделникот вечерта пристигна на премиерата на својот нов филм „The Out-Laws“. Покрај него, главни ѕвезди на црвениот тепих беа неговите синови, 26-годишниот Дилан и 22-годишната Парис.
Нивниот татко, Пирс, во интервју за GQ во септември 2022 година откри дека ги одвраќал своите синови од актерството, велејќи им: „Тоа е тешка работа“.
Дилан и Парис минатата година ја красеа насловната страница на GQ Korea, но не е првпат да бидат во центарот на вниманието. Имено, Дилан го има бендот ‘Raspberry Blonde’, додека Парис е успешен уметник, сликар.
Синовите на Џејмс Бонд имаат и жешки девојки: Дилан е во врска со сликарката Ејвери Вилес, додека Парис е во врска со Алекса Ли-Ајлон.
Инаку, имињата на Дилан и Парис Броснан минатата година се најдоа на листата на сто најсекси мажи во светот според магазинот People, а кога зборуваа за своите планови и цели, открија дека презимето на нивниот татко „ги отвора вратите за нив во забавната индустрија“.
Како деца, тие пораснале на филмски сетови и на Хаваи, пред да се преселат во Лос Анџелес за време на нивните тинејџерски години.