Европската комисија воведува мерки за Приштина поради игнорирање на барањата на Брисел

од Vladimir Zorba
522 прегледи

Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и генералниот директор за соседство и преговори за проширување, Јан Копман, денеска ги презентираа деталите за последните настани на северот на Косово и разговорите што европските посредници ги имаа со лидерите на Белград и Приштина до членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

За време на дискусијата, европратениците кои го сочинуваат Комитетот за надворешна политика и доаѓаат од сите политички групи на Европскиот парламент имаа бројни прашања до европските лидери, пред се до Лајчак, за тоа што постигнала ЕУ, како и за улогата на европратениците во целиот процес, јавува Euronews.

Повторно се зборувало за мерки насочени кон Приштина, кои Европската комисија официјално ќе ги објави до крајот на оваа недела.

„Косовските власти не одговорија на барањата и затоа Европската комисија ќе воведе одредени мерки поврзани со суспензијата на договорот за асоцијација“, рече генералниот директорот за соседство и преговори за проширување Герт Јан Копман.

Тој рече и дека е неопходно да се најде политичко решение за деескалација на ситуацијата на Косово, а заедно со распишувањето на нови избори неопходно е да се формира Заедница на српски општини.

Исто така, дел од европратениците истакнаа дека им се чини дека посредниците на Европската унија се повеќе на страната на Србија отколку на Косово.

Повеќето од нив бараа одговорност од српската страна, а некои го пофалија ослободувањето на косовските полицајци, но покренаа прашања како се однесувале кон нив.

Пратениците се согласија дека ова во моментов е една од најголемите кризи на територијата на ЕУ и нешто што не и требаше на Европа во време кога се води војна на европско тло, односно во Украина.

Слични содржини