САД воведоа санкции против компании и Русин за нивните врски со Вагнер

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Американската канцеларија за контрола на странски средства денеска воведе санкции против четири компании и еден руски државјанин поради нивната поврзаност со паравоената група Вагнер и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин.

Како што се наведува во соопштението на Управата, санкциите се насочени против компании од рударската индустрија преку кои наводно се финансирала паравоената формација, пренесува Ведомости.

Се додава дека САД ќе продолжат да „целат на изворите на приходи на групата Вагнер за да го ограничат“ нејзиното проширување во Африка, Украина и други земји.

Слични содржини