Ревизија на работењето на ДУИ: Уплаќани се средства за членарина над законски утврдениот лимит

од Vladimir Zorba
573 прегледи

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Демократска унија за интеграција Скопје на сметката за редовно работење за 2021 година.

Со извршената ревизија за 2021 година, изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи на ДУИ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што утврдивме дека од дадени 3 (три) препораки, 1 (една) препорака е спроведена, делумно спроведена е 1 (една) препорака и 1 (една) препораки не е спроведена.

Со извршената ревизија ги констатиравме следниве состојби:

– уплатени се средства за членарина над законски утврдениот лимит и

– пописните листи не содржат вредносни показатели за дел од материјалните и нематеријалните средства и истите не се обележани со инвентарни броеви.

За утврдените неправилности дадени се препораки до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите.

Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на структурата на изворите на
финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање и за прифатени и спроведени корекции во текот на ревизијата.

Слични содржини