316
Русија не цели кон цивилната инфраструктура во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги наводите на Киев за убиство на цивили во руски ракетен напад во Краматорск.
„Русија не таргетира цивилна инфраструктура, нападите беа извршени врз објекти кои некако се поврзани со воената инфраструктура“, рече Песков, а пренесе ТАСС.
Бројот на загинати во руски ракетен напад врз ресторан во украинскиот град Крематорск се искачи на десет, откако во урнатините беа пронајдени уште две тела, јавува „Ројтерс“.