Ковачевски: Уставните измени не се никакво идентитетско прашање

од Nikola Popovski
280 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш ја повтори потребата од уставните измени и внесување на Бугарите во преамбулата од Уставот.

-Тие не претставуваат никакво идентитетско прашање, тие прашања веќе се решение со преговарачката рамка и други докуменит. Имаме целосно заштитен идентитет и потврда доаѓа од сите партнери, пред се од Германија која донесе резолуција. Ние за првпат сега се наоѓаме во ситуација да немаме вето од надвор, туку од внатре и затоа ги повикувам пратениците и партиите од опозицијата да го поддржат процесот. Ова не е процес на еден човек и Влада, туку широк и општествен процес. Членството во ЕУ не е цел само на една партија и не може целта на интеграција во ЕУ да биде помала цел од политичка кариера на било кој политичар во нашата држава, кажа Ковачевски на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Ковачевски порача дека амандманите за уставните измени се подготвени во Министерството за правда.

-Сме посветени како Влада и коалиција на одржување на дијалогот. Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да се водат од интересите на граѓаните кои ги избрале во носењето на одлуките. Се поинаку би значело државата повторно да западне во изолација, истакна премиерот.

 

Слични содржини